Историја на интернетот
Интернет (од англиски: Internet) или семрежје — јавно достапен систем на меѓусебно поврзани сметачки мрежи од целиот свет, кои пренесуваат податоци во форма на пакети со користење на стандардното множество протоколи означено како TCP/IP. Се состои од голем број мали и големи, домашни, деловни владини и невладини мрежи, кои што заедно пренесуваат различни информации и услуги, како електронска пошта, директен разговор, како и меѓусебно поврзани мрежни места (websites) и други документи од Пајажината (Светска пајажина - World Wide Web, WWW).
Корените на интернетот се во ARPANET, американскa одбранбена мрежа создадена во 1969 година. Првата TCP/IP мрежа е направена на 1 јануари 1983 така што овој датум е земен за создавањето на интернетот. Во тоа време интернет можеле да го употребуваат универзитетите, војската и некои други државни организации во САД и бил наречен NSF (National Science Fondation = Национална научна фондација). Интернет доби комерцијална употреба дури во 90-тите години.
Во август 1991 година од CERN (европска организација за нуклеарни проучувања) го претстави проектот World Wide Web, а две години подоцна се претставени и HTTPпротоколот и HTML кодот. Беше создадено првото мрежно место на CERN. А веќе во 1993 година беше создаден и првиот графички пребарувач Mosaic web browser 1.0. Во 1996 интернет веќе станало популарно и започнало да се употребува за комерцијални и приватни потреби. Така што според последните статистики направени на 1 јануари 2006 год. интернет го користат една милјарда луѓе.
Интернет претставува множество од служби кои работат врз поврзаните сметачки мрежи низ целиот свет со што се овозможува брза размена на информациите односно податоците преку постоечките телефонски линии.
Англискиот поим „интернет“ е добиен како кратенка од INTERconnected NETwork - INTERNET што во превод би значело меѓуповрзанa мрежa. А во неа се вклучени милиони луѓе од светот.
Comments
Post a Comment